Актуелниот македонскиот првак Металург успеа во последните секунди го совлада Ловеќен со 21-20 во меч од регионалната СЕХА лига.
Јунак за “металурзите“ во Цетиње бил Филип Миркуловски кој бил побрз од сирената и обезбедил победа во последната секунда, откако стратегот на Металург, Лино Червар го повлекол голманот од игра и уфрлил нов ракометар.
Поради повреда, на овој натпревар не играа Наум Мојсоски, Милан Левов и Миладин Козлина, а на голот не бранел Дарко Станиќ, поради повреда, во вториот дел на паркетот не се појавиле Жарко Марковиќ и Аце Јоновски.
После овој  11 триумф во лигата, металурзите се на четвртото место со 36 бода од 15 средби. Води Вардар со 41 бод од 17 средби, втор е Загреб со 38 бода од 15 средби, додека трет е словачкиот претставник Татран Прешов со 37 бода, но од 17 меча.
Ohridnews