Хрватскиот Нексе го порази македонскиот првак Металург со 29-27 во натпревар од регионалната СЕХА лига.

Македонскиот преставник во текот на целиот меч ја бркаше минималната предност на домаќините, но не успеа да се врати непоразен од првото од серијата гостувања кои го очекуваат во овој период.


Најефикасен во тимот на Червар беше Козилна со 8, Марковиќ постигна 7 гола, а Ракчевиќ  Миркуловски и Н.Мојсоски по два.

По ова коло, Металург остана на на четвртата позиција со 27 бода, од 12 средби (осум победи, три ремија, еден пораз), додека Нексе е на петтата позиција со 27 бода, но од 15 средби (осум победи, три ремија, четири пораза). На табелата води Загреб КО со 38 бода од 15 средби, а втор е Вардар со 35 бода исто така од 15 меча.

Ohridnews