Европскиот ракометен првак, Вардар со осмата победа во деветиот натпревар сезонава го осигура првото место во една од двете групи во СЕХА лигата.

„Црвено црните“, на домашен терен со 28-26 го совладаа Татран Прешов и со триумф ги завршија обврските во регионалата лига.

„Вардарци“ до очекуваниот триумф стигнаа со пресврт во второто полувреме. Првите триесет минути поминаа во знакот на гостите кои успеаја да поведат со два разлика. Ракометарите на Вардар во вториот дел ги наместија коцките, ги вратија работите под контрола и забележаа победа.

Клучна улога во триумфот одигра голманот Гедбан со неколку интервенции во серија и Шишкарев, Чупиќ и Атман кои реализираа по пет голови. Кај Татран, Лапајне заврши со шест гола.

Втор на табелата после Вардар заврши Мотор Запорожје, а трет финишираше составот на Татран Прешов.

OhridNews