Македонските преставници во регионалната ракометна лига – СЕХА, Металург
и Вардар Про, ќе можат да играат меѓусебе само во случај и двата тима
да стигнат во финалето на завршниот турнир.

Жрепката, со која беа одредени двојките за завршниот турнир кој ќе се
одигра во Загреб, повеќе среќа му донесе на Металург. Актуелниот шампион
на Македонија за пласман во финалето ќе се бори со словачкиот
преставник Татран Прешов.

Помалку среќа имаше Вардар про, кој во полуфиналето ќе игра против домаќинот на турнирот Загреб КО.

„Фајнал Фор“ турнирот во Загреб ќе се одигра на 14-ти и 15-ти април,
првиот натпревар од 15:30 ќе го одиграат Металург и Татран, додека
Загреб КО и Вардар Про дуелот ќе го започнат во 18 часот.

Вториот ден од турнирот ќе се одиграат малото финале (борба за третото
место) од 15:30 часот, додека финалето ќе започне во 18 часот.

“макфакс“
Ohridnews