Ракометарите на Вардар ги зграпчија бодовите во Крагујевац победувајќи го домаќините со убедливи 38-29 во 16-та рунда од СЕХА лигата.


Шпанскиот стратег на клупата од Вардар, Раул Гонзалес им даде шанса на ракометарите кои не добиваат голема минутажа, но и тие покажаа квалитет и донесоа нова радост.

Во 16-ет натпревар „црвено црните“ ја забележаа 13-та победа и се зацврстија на втората позиција позади стопроцетниот Веспрем.

Мх.П.