Екипата на Вардар ја забележа петтата победа во регионалната СЕХА лига совладувајќи го тимот на Спартак Војпут со 36-27 (15-12).


„Црвено црните“ имаа констатно водство во текот на натпреварот, но дури во финишот успеаја да го скршат отпорот на домаќините.

Со овој триумф избраниците на шпанскиот стручњак Раул Гонзалес Гутиерез во СЕХА лигата ја продолжија победничката форма од Лигата на Шампиони.

Во петтата победа во исто толку натпревари во СЕХА лигата „црвено црните“ ги предводеше двоецот Мијајло Марсениќ и Филип Лазаров кои искомбинираа 13 голови.

Голем удел во триумфот имаа и голманите Петар Ангелов и Страхиња Милиќ кои заедно собраа 17 успешни одбрани.

Мх.П.