По првиот пораз во Лигата на Шампиони, Вардар на гостувањето од Загреб го претрпе првиот пораз (30-25) и во регионалната ракометна лига (СЕХА).
Поуспешни и помотивирани во дуелот меѓу хрватскиот и македонскиот првак беа домаќините кои максимално го искористија тенкиот ростер и заморот по исцрпувачкиот натпревар на „црвено црните“ во ЛШ.
„Вардарци“ резултатски се доближуваа во неколку наврати, но немаа сила за комплетен пресврт кој ќе им донеше шест триумф во СЕХА лигата.
Со триумфот над Вардар ракометарите на Загреб се изедначија со „црвено црните“ на врвот на табелата.
Ohridnews











