Ракометарите на Брест Мешков ги освоија бодовите во Скопје победувајќи го Вардар 28-27 (15-11) во осмата рунда од регионалната СЕХА лига.
Гостите од Белорусија силно мотивирани влегоа во дуелот со Вардар кој претходно го урна митот на непобедливост на Кјелце во Скопје.
„Црвено црните“ дури во вториот дел заличија на себе и веднаш се вратија во игра, но гостите не попуштија и ги освоија бодовите.
Со триумфот над Вардар ракометарите на Брест Мешков се израмнија на табелата со македонскиот првак со по пет победи од седум натпревари.
Ohridnews











