Екипата на Вардар потврди дека на 29 август ќе го пречека Нексе во реванш четвртфиналниот натпревар од СЕХА лигата. Мечот во Нашице го доби Вардар со 31:30, а кога требаше да се одигра реваншот сезоната беше прекината поради коронавирусот.

Вардар ќе биде голем фаворит во овој меч и со победа ќе се пласира на завршниот турнир каде што ќе се сретне со ППД Загреб кој веќе обезбеди место во полуфиналето.
Во полуфиналето е и Мешков Брест, а ќе биде и Веспрем бидејќи нивниот дуел со Војводина се очекува да биде само формалност по победата од 31:26 во првиот меч.
Натпреварот ќе се игра без публика, а ТВ пренос ќе има на МТВ и Арена.
OhridNews










