Ракометарите на Вардар со убедлива победа над Спартак 36:18 во СЕХА лигата ѝ ставија крај на 2015 година која е една од поуспешните сезони во клубот.

 
Македонскиот шампион пред дуелот беше апсолутен фаворит, а тоа и го потврди на теренот постигнувајќи двојно повеќе погодоци од својот противник. 

 Најефикасни во редовите на Вардар беа Филип Лазаров со 10 и Хорхе Македа со шест голови. 
 
Вардар во СЕХА конкуренцијата, во досегашниот дел од сезоната, има забележано 11 победи, два пораза, а еднаш одигра нерешено. 
 
Екипата на Раул Гонзалес е лидер во СЕХА конкуренцијата со 34 бодови од 14 одиграни натпревари, следува Веспрем кој има 28 бодови и четири натпревари помалку од Вардар, Загреб од 12 натпревари, односно Татран Прешов од 13 натпревари имаат собрано по 27 бодови.

Ohridnews