Унгарскиот шампион Веспрем е противник на Вардар во финалето од завршниот турнир во регионалната ракометна СЕХА лига. Ракометарите на Веспрем во полуфиналето по изведувањето на пеналите го совладаа Брест Мешков (4-2), откако регуларниот дел од натпреварот заврши без победник 29-29. 


Двете екипи одиграа крајно неизвесен натпревар. Мешков Брест имаше напад за победа, но не го реализираше, а претходно можност за победничкиот погодок прокоцка и Веспрем.

Во пенал серијата попрезни беа ракометарите на Веспрем кои реализираа четири од петте пенали, наспроти Мешков Брест чии ракометари погодија два од четирите пенали. 


Средбата во финалето меѓу Вардар – Веспрем е реприза од минатата сезона кога Унгарците преку македонските ракометари ја освоија титулата во СЕХА лигата.

OhridNews