Ракометарите на Вардар, утре (четврток) во 17:45 часот, на домашен терен во СРЦ „Јане Сандански“ против екипата на Војводина од Србија ќе го одиграат првиот натпревар во регионалната СЕХА лига. Од „црвено црниот“ табор најавуваат победа и оправдување на фаворитската улога, иако тренерот Стефче Алушовски не может да смета на сите ракометари.

Играчите со репрезентативни обврски се надвор од стројот. Правиме сè што можеме за да се подготвиме за нашиот дуел со Војводина. Се работи за квалитетна екипа составенаод млади играчи, кои што многу трчаат. Можев да ги гледам на последниот дуел против Кикинда. Играат брз и модерен ракомет, со цврстаодбрана и добра транзиција. Очекувам од наша страна даодиграме сериозно. Секогаш кога Вардар игра дома се труди да ја има фаворитската улога на своја страна. Така ќе биде и наовој натпревар, без разлика што сме некомплетни. Со еден комплетен тренинг ќеодиграме коректен натпревар кој ќе биде добра подготовка за она што следува во наредниот период. – изјави Алушовски.

Во групата Б каде се наоѓаат Вардар и Војводина партиципираат уште Нексе и Мотор Запорожје. Во групата А покрај вториот македонски претставник Еурофарм Пелистер се натпреваруваат Металопластика, Татран Прешов и Загреб.

OhridNews