Хрватскиот првак Загреб ја освои третата позиција на овогодинешното фајнлфор издание во регионалната ракометна СЕХА лига.


Во дуелот за утешно трето место ракометарите на Загреб го совладаа македонскиот преставник Вардар со 26-23.

Заморот од исцрпувачките натпревари во Лигата на Шампиони и повредите беа најголем противник на Вардар во завршницата од СЕХА лигата.

Хрватите сосема заслужено го освоија бронзениот медал, а одлучувачките чекори ги направија во последните десет минути кога направија серија 4-0.

Мх.П.