До спортската редакција на “Ohridnews” стигна писмо од навивачката група “Сејмени“ од Кочани во кое стои:

Известување :

Ние како навивачка група СЕЈМЕНИ бараме во најскоро можен период да се закаже и одржи годишно собрание на Фк Осогово на кое ќе бидат презентирани финансиските извештаи  и  извештајот за резултатите од оваа година.


Да бидат обелоденати амбициите од тренерот и  управата (која скоро ја нема),да се избере  нова управа, претседател и потпретседател. СЕЈЕМНИ се крајно загрижени за моменталната ситуација во клубот, откако костурот на екипата реши да ги напушти редовите на ФК Осогово. Од сегашната управа беше најувано дека ќе се доведат квалитетни засилувања, но  од тоа нема ни трага ни глас.

Со почит, “Сејмени“.

Ohridnews