Жителите на општина Охрид ќе имаат можност еднаш во месецот да се сретнат со народен правобранител од Подрачната канцеларија во Кичево.

Средбите ќе се одржуваат од 9 до 15.30 часот, во просториите на локалната самоуправа, секој последен четврток од месецот.

Датумите на средбите со народниот правобранител се: 27.02; 26.03; 30.04; 28.05; 25.06; 30.07; 27.08; 24.09; 29.10; 26.11; 21.12.

OhridNews