Секое второ бебе кое ќе се роди после 1 јануари 2014 година најверојатно ќе доживее 100 години, тврдат аналитичарите на осигурителното друштво „Алијанс“ на основа на статистички податоци. Околу 80 илјади деца во 2014 година ќе бидат родени во Австрија, а доколку се покажат точни пресметките на „Алијанс“, 40 илјади од нив ќе ја прослават 2114. Статистички гледано, 40 проценти од децата родени во 2014 година ќе завршат матура и ќе апсолвираат на студии. До влегувањето во работниот век, 2037, ти ќе стекнат оптимални предуслови.
Поради постојаното стареење на жителите во индустриските земји, и постојаното намалување на наталитетот, ќе владее акутен недостаток на рабона сила. Добро оброзаваните родени во 2014, според „Алијанс“, ширм светот ќе можат да ја бираат професијата која ја сакаат. Веќе во 2050 година 12 илјади австријци ќе имаат повеќе од 100 години, било соопштено во прогнозите.