Рибјата чорба во специјално набавениот казан поставен на просторот каде некогаш се наоѓаше градската библиотека, им се допадна на охриѓани.

Бројните посетители присутни на манифестацијата Денот на рибарите, имаат можност да ја вкусат рибјата чорба која за оваа прилика ја подготвуваат наградени ученици од охридското средно  угостителско училиште „Ванчо Питошески“ заедно со нивните професори . За да има за секого тие подготвија околу 2000 литри чорба.


На бројните поставени штандови се нудат традиционалната греана ракија, вино и плашици.

Посетителите на манифестацијата имаат можност да ја видат и изложбената поставка Денес за вчера на која се презентира риболовен алат со кој се ловело од праисторија до денес, стари фотографии од рибари и рибарски фамилии, макети од стариот охридски чун, фрлање и влечење влак, плетење рибарска мрежа.

За прв пат денес се организира натпревар во подготвување сардини од плашици според стари домашни рецепти, како и натпревар во фрлање сачма.

OhridNews