Предводникот на “македонската фаланга“ Кире Лазаров е се понедостижен на листата на стрелци. Македонската “седумка“ и на мечот со Полска го потврди својот просек, постигнувајќи девет погодоци.

По пет одиграни меча со 43 погодоци од 80 обиди тој е на врвот на листата, а го следат норвежанецот Никлас Екберг со 31 и постигнат гол,  и исланѓанецот Сигурдсон кој има одиграни четири меча а постигна 30 гола.
 
Македонија до крајот на шампионатот ќе одигра уште два натпревари и доколку македонскиот капитен го одржи просекот тогаш ќе го собори рекордот на Олафур Стефансон (Исланд) и Штефан Ловгрен (Шведска). Овие двајца легендарни ракометари во 2002 година на ЕП во Шведска, постигнаа по 57 погодоци.

Лазаров веќе е сопственик на еден рекорд, кој тешко дека ќе биде соборен во догледно време, со 92 погодоци, тој е најдобар стрелец во историјата на светските првенства.

М.П.