
Изменетиот начин на решавање на потребите и проблемите на граѓаните од сферата на урбанизмот, ќе значи целодневен прием на странки од страна на целата администрација во Секторот за урбанизам (урбанисти, правници итн.), кои заедно ќе ги разгледуваат и ќе носат одлуки за секој урбанистички предмет пооделно.
Лицата кои имаат потреба од консултации, стручно мислење, појаснување или забелешка по одделен предмет, потребно е со себе да ја понесат и целокупната документација која ја поседуваат.
Граѓаните, овој на чин на директна комуникација со стручните служби ќе можат да го направат секој вторник во периодот од 09 до 15 часот.
OhridNews











