По неколкумесечното барање соодветен простор, канцелариите на Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, привремено се сместени во рамки на Спортско рекреативниот центар “Атина Бојаџи”.

Како што информира раководителот на Билатеријалниот секретаријат, Дејан Паноски, како конечно решение, од страна на Владата е донесена одлука нивните канцеларии наскоро да се сместат во рамки на објектот на охридската касарна, но се чека на доопремување на просториите.

До март годинава, канцелариите на Билатералниот секретаријат функционираа во некогашното училиште Свети Климент , кое по пат на денационализација и беше вратено во сопственост на Македонскта православна црква. 

OhridNews