Чуварот на мрежата на италијанскиот третолигаш Реџиана, Матео Волтолини суспендиран е една недела од клубот поради видео снимката во која води љубов со непозната девојка во тоалет од дискотека.

Голманот тајно е сниман во тоалетот а видеото долго 15-тина секунди кое синоќа беше пуштено во етер веднаш се прошири низ целиот интернет свет. Клубот веднаш реагираше со суспензија за голманот и остранување од првата екипа.

После појавување на снимката се огласи и Јавното обвинителство на Италија најави голема истрага за пронаѓање на лицеот кое го снимил видеото. Казната, согласно италијанските закони, за недозволено снимање и дистрибуција на видео материјали во насока на нарушување на приватноста е до шест години затвор и парична казна од 15.000 евра.

OhridNews