Акутелниот лидер во второлигашката конкуренција битолски Пелистер остана без својот кормилар, Марјан Секуловски. Тој го напушта кормилото на зелените и ја прифати понудата од (AYEYAWADY UNITED FC – YANGON , MYANMAR )

– Оваа одлука беше тешка за мене, но им благодарам на сите кои ме подржаа на овој чекор. Клубот го оставам во сигурни раце, со исполнета цел која само математички треба да се официјализира. Заминувам гордо и достинствено , знаејќи дека Пелистер се враќа во својата природна средина – рече на заминувањето од клубот Секуловски.

По доаѓањето на Секуловски , Пелистер забележа 13 победи, 3 ремија и само еден пораз. На пет рудни до крајот со 52 бода, битолчани се први на табелата.

Тимот во кој заминува Секуловски е втор во тамошното првенство и се натпреварува во азиската лига на шампиони.

М.П.