Екипата на 11 Октомври во 10-та рунда од првата македонска фудбалска лига на “домашен“ терен во Струга ќе го пречека Силекс. Прилепчани формата за дуелот со Силекс ја темпираа во Охрид.


–  Подготовките во Охрид ги искористивме да се воиграме и да ја консолидираме екипата. Целта ние да опстаниме во првата лига, за да го оствариме тоа веќе в сабота треба да триумфираме на натпреварот со Силекс, кој ќе го играме во Струга – потенцираше “шефот“ на 11 Октомври, Марјан Секуловски.

“Црвено белите“ по одиграни девет рунди се наоѓаат на последната позиција на табелата со четири бодови додека кратовчани со десет бодови се седмо пласирани.

Мх.П.