Со погодокот на Алексaндар Атанасов во финишот на мечот против Македонија ЃП, битолски Пелистер победи со 1-0 и направи голем чекор кон враќање во елитата. По само една година мината во второлигашкото друштво , “пелистерци“ се многу блиску во враќање во својата природна средина.
– Тежок натпревар, се играше во два напладне, на тешки 30 степени. Постигнавме погодок во 90 минута, како плод на нашата дисциплинирана игра. Со овој триумф големиот дел од работата е завршена, остануваат само детали , но опуштање не смее да има – рече за ohridnews Марјан Секуловски, тренерот на Пелистер.
Битолчани во послените пет рунди, три пати играат на домашен терен, против Охрид Лоте, Миравци и Дрита во последната рунда, додека гостуваат кај Еуромилк и Гостивар.
– Со победата во Скопје, вратите се широко отоворени, во фудбалот се е` можно, но но не верувам дека ќе ја прокоцкаме оваа шанса. Посакуваме мечот од последната рунда против Дрита да биде една голема “зелена“ фешта – вели Секуловски, кој од доаѓањето на клупата на Пелистер има 13 победи, 3 ремија и само еден пораз.
Нема големи тајни во успехот на битолчани, напорната работа ги дава посакуваните резултати. – Работа, работа и само работа – завршува Секуловски.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...