Битолчанецот на прилепската клупа Марјан Секуловски, не го криеше разочарувањето по ремито во Охрид, посебно што гостите ги делеа пет минути од исполнување на големата цел, победа во Охрид.


– Во нашата соблекувална владеше незадоволсто поради загубените два
бода, а никако поради ремито. Имавме предност да самиот крај, која само
по едно наше невнимание не ја задржавме
– потенцираше Секуловски.


“Првоборците“ останале без двајца стандардни првотимци, Ацевски и Димитиревски, што во голема мера се одразило во играта , смета Секуловски. – Одигравме дисциплинирано, повредите на Ацевски и Димитриевски, ја пореметија нашата концепција. Имавме свои можности кои не ги искористивме, имаше и Охрид свои прилики, не реализираа пенал и кога сето ќе се собере нерешениот резултат беше најреален – истакна Секуловски


11 Октомври по девет одиграни рунди со 4 освоени бода се наоѓа на последното место на табелата.

М.П.