Реми 0-0 на стартот на пролетната етапа за битолски Пелистер, тим кој годинава настојува да се врати во елитното натпреварување. Тренерот на “пелистерци“ Секуловски смета дека пропуштиле прилика да го “отворат“ противникот во првиот пол час и од Дебар да си заминат со три бода.


Бевме доминантни и ја диктиравме играта во првиот дел и штета шо не дадовме барем еден гол оти така ке го направевме мечот полесен.  Во второ полувреме не бевме како што треба , и кога се ќе собере , ремито беше и најреален исход – истакна Секуловски.

Натпреварот во целиот свој меч бил тврд со јако темпо на игра на лош терен, во кој предничела дуел играта.

Домаќините беа силно мотивирани и поносени од публиката одиграа еуфорично, имаат квалитетна екипа и доколку сега почнува првенството сигурно ќе се борат за висок пласман. Како одиграа, според мене тешко дека некој може да однесе “цел плен“ во Дебар – потенцираше популарниот “Мане“.
Натпреварите до Втората лига, продолжуваат во вторник а Пелистер на домашен терен ја пречекува Руфеја.

М.П.