Села: Како ги поделија комарците по политичка или по етничка основа?
03.07.13 13:05
Општина Струга не се најде на листата туристички места во кои со државни пари ќе се врши авионско запрашување против комарци. Поради ова градоначалникот Зијадин Села распиша тендер за прскање против комарци, за да се заштитат граѓаните и туристите.
-Распишав тендер и нема да дозволам граѓаните и туристите да трпат. Смешна работа, ама така е. Ќе ги прашам само како ги поделија комарците по етничка или политичка основа? Јас не ги делам, во Струга има граѓани и туристи од целиот свет што треба летото мирно и спокојно да го поминат.-изјави Села.
Градоначалникот на Струга и забележа на централната власт дека не се однесува кон Струга исто како со Охрид, иако двата туристички града се одалечени само петнаесет километри. Тој се пожали дека на општина Струга во изминатите три месеци од страна на Министерството за финансии и се одземени 300.000 евра за заедничките обврски за колекторот со општина Охрид, на која, како што рече, до сега не и е одземен ниту денар, а згора на тоа, владата од буџетот и одобри помош од 3 милиони денари.
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени До средината на следната седмица време...
На подрачјето на СВР Охрид, од јуни до септември се издадени 292 прекршочни платни налози за возачи на електрични тротинети Само во септември се евидентирани 377 прекршоци Начинот на кој се управув...
Пред три и пол децении интернетот не беше дел од секојдневието на македонските граѓани Денес преку него комуницираме, работиме, купуваме, плаќаме, се информираме и користиме различни услуги, а моби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.