Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села изјави дека ќе ги бојкотира годинешните Струшки вечери на поезијата поради непочитувањето од страна на раководството на манифестацијата, на законот за употреба на јазиците.

– Баравме преводот на отварањето на СВП, освен на англиски и македонски јазик да биде и на албански. Не го прифатија барањето со чудно образложение дека преносот од отварањето ќе оди на првата програма од државната телевизија. На една манифестација на која ќе се зборува на сите јазици во светот, нема волја да се почитува законот, иако манифестацијата се одржува во општина во која албанскиот јазик е службен јазик, рече Села.

Тој додаде дека по годинешниот бојкот на манифестацијата, ќе следи и барање на одговорност за непочитувањето на законот. Ако до иднатата година не наиде на разбирање од надлежните , Села не ја исклучи можноста локалната самоуправа да го  спречи одржувањето на 53- те Струшки вечери на поезијата.

OhridNews