Демократијата е израз на мнозинството, а тоа во Струга е албанско и како такво, градоначалник мора да биде Албанец. Етничката слика на Струга е приближно иста како и етничката слика на државата. Тука живеат 61 отсто Албанци и 34 отсто Македонци. Како ќе му беше на Груевски, ние на државно ниво да имавме власт и преку уценување да направиме се за да ја земаме централната власт.“ – изјави кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на ДПА, д-р Зијадин Села, на денешната средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Арбен Чејку.

Апелирам да се чува ладнокрвноста и граѓаните да излезат на мирен и демократски начин да го дадат идниот глас каде што сакаат. Како што гледам тоа што го прави Владата со донесувањето на специјални едници, со нивно присуство во сите албански села, јас не очекувам дека другата страна сака фер и демократски избори. Присутни се инспекторите од УЈП кои дивеат по бизнисот на Албанците и муслиманите во Струга. Тоа укажува дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се уплашени и ќе се обидат по секоја цена да го уплашат народот и да прават проблеми.“ – додаде Села.

Амбасадорот на Република Албанија во земјава, Арбен Чејку, апелира до граѓаните да излезат на гласање и да ја изразат својата волја без притисоци и наметнување.

Струга треба да биде пример за демократско и цивилизирано однесување,а такви треба да бидат и изборите кои покрај домашните  ќе ги следат и меѓунардни набљудувачи.“ – истакна Чејку.

Инаку, Чејку пополаденво се сретна и со кандидатот за градоначалник на Струга од заедничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, д-р Владо Кочоски.

OhridNews