По обвинувањата од Мендух Тачи за предавство, реагираше Зијадин Села на Фејсбук, јавува телевизијата „Алсат М“’.
Села пишува дека предавници се тие што подготвуваат стратегии во „Сушико„ и немаат проблем да кокетираат, пред, за време и по изборите со луѓе кои не им посакуваат добро на Албанците и на ДПА. Села го обвини Тачи за предавство со гласањето за Иванов на последните избори. Во реакцијата, Села ја објаснува и смислата на предавството како поим, велејќи дека предавство е безусловната поддршка на владата на ВМРО-ДПМНЕ, да кажеш дека ќе бидеш дел од владата и дека ќе станеш министер, а од друга страна, да не го спомнеш новиот политички договор на кој претендира ДПА, дводомниот парламент, официјализацијата на албански јазик во целата држава, праведната и пропорционална поделба на буџетот, итн. Националното прашање не е фризура, ниту брада, па ни 3 илјади тона врз плеќи, туку е совест што те убива кога свесно ги носиш активистите да изгубат, кога ги тераш да гласаат за Иванов, вели Села. Во пост скриптум, Села вели дека не сакал да ја истури лутината за време на изборите, за да не влијае на резултатот на ДПА, пренесува „Алсат М“.
OhridNews
извор:„Алсат М“