Под мотото „Биди промената што сакаш да ја видиш“, во Струга синоќа се одржа мултикултурен хепенинг на кој учествуваа млади од Струга, Тетово и Бутел.

Учесниците ги поздрави градоначалникот на Струга Зијадин Села, кој на младите им порача дека иднината е во заедништвото.

-Ние треба заедно да зачекориме, да направиме заеднички чекори инаку иднината нема да ни биде добра. Вие сте различни, но имате заеднички проблеми што ве зближуваат. Вие треба да се почитувате еден со друг. Струга е мултиетнички град во кој живееме блиску еден до друг, но за жал малку се запознаваме.-истакна во обраќањето до младите од трите општини, градоначалникот на Струга Зијадин Села.

Проектот, кој има за цел меѓусебно запознавање и градење доверба помеѓу младите од различните етнички заедници кои живеат во Македонија, го реализираат ОБСЕ и Центарот за превенција и менаџирање на кризи.

OhridNews