Градоначалникот на Струга Зиадин Села ги отфрла наводите од кривичната пријава за злоупотреба на службена пложба што против него ја поднесе СВР Охрид. Во телефонска изјава за „Телма“ тој истакна дека за пријавата дознал од медиумите и дека се работи за политичка пресметка на власта со неистомислениците. 

-Се работи за инструкција од страна на владата со цел да се наруши мојот имиџ. Јавноста знае дека Зиадин Села е против паркинзи на секој чекор и ги има тргнато паркинзите од струшките улици. Јас водам и политичка партија чија главна цел е да го откорне овој криминал од институциите на државата и сум свесен дека ќе се соочам со вакви појави. – изјави Села.

Спротивно на обвинивањата Села тврди дека тој се бори против урбаната мафија во Струга, и се залага за ставање ред во општината, поради што секојдневно трпел закани. Додава дека неодамна во СВР Охрид пријавил дека на домашна адреса добил писмо со смртни закани, но до сега не било преземено ништо во врска со тоа од страна на надлежните органи.

OhridNews