
-Не е доволно да се каже дека сакаме уредна Струга, туку за тоа треба да придонесат сите граѓани, но и фирми. Го поништивме првиот оглас за уривање на дивоградбите бидејќи заинтересираната фирма не исполни еден од наведенитре критериуми. Сега повторно ќе имаме тендер и верувам дека за една недела ќе избереме фирма која ќе работи на отстранување на објектите кои граѓаните нема сами да ги тргнат.-изјави Села, посочувајќи дека акцијата ќе биде реализирана во координациоја со полицијата.
Во пресрет на туристичката сезона, советот на општина Струга на барање на локалната самоуправа ја изгласа одлуката за нов режим на сообраѓај, со која се враќа двонасочниот сообраќај на двете главни улици во градот„15-ти Корпус“ и „Пролетерски бригади, за што согласност даде сообраќајната полиција.
Покрај ова, предвидено е во наредниот период да биде воведен посебен режим за автобуси и поставување на постојки за истите.
OhridNews












