Селекторот на Босна и Херцеговина, Мехмед Баждаревиќ тешко ја поднесе елиминацијата на неговата селекција од Република Ирска во бараж мечевите за Европското првенство во Франција.
– Тешко ми е да зборувам и да анализирам каде погрешивме. Жал ми е и многу сум тажен што ги изневеривме навивачите. – рече селекторот и додаде. – Моравме да пружиме многу повеќе во двата натпревари со Ирска. Знаевме се за нив, но ништо не искористивме. Тие повеќе ја посакуваа победата и сосема заслужено обезбедија пласман на Европското првенство.
На крајот од пресконференцијата селекторот на „змајевите“ заплака што пак наиде на аплаузи од ирските новинари.
– Во Зеница имавме шанса за нешто повеќе, но не ја искористивме. Таму мислам дека ги намаливме шансите за пласман на ЕП. Испаднавме од селекција која мораше и требаше да ја добиеме. – заврши Баждаревиќ.
Ирците преку „змајевите“ го чекираа билетот за ЕП (видео)
Ohridnews











