Планот и програмата на македонските ракометни селектори Звонко Шундовски и Гино Стрезовски за престојните натпревари ќе бидат ставени на разгледување на сединцата на УО на РФМ закажана за в четврток.

Македонската женска репрезентација ја очекува двомеч со репрезентацијата на Франција, додека машката селекција ја очекуваат Квалификациите за Олимписки Игри Лондон 2012 во Гетеборг, Шведска и бараж натпреварите со Австрија за Квалификациите за СП 2013.


Исто така на отчет ќе биде ставен Извештај на селекторот на женската репрезентација за натпреварите: Македонија – Литванија и Турција – Македонија, како и извештај на селекторот на машката репрезентација Шундовски за настапот на Европско Првенство Србија 2012.

На седницата ќе биде разгледана и одредена наградата за машката репрезентација за освоено 5-то место на ЕП 2012 Србија.

М.П.