Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за пријателскиот натпревар со Словенија. Македонија мечот со “змајчеките“ го игра на 14 ноември в среда на националната арена “Филип Втори“.


На списокот фудбалери ги нема Горан Попов и Стевица Ристиќ кои се соочија со казна пред мечот со Србија. Во составот поради клупски обврски ќе недостасуваат капитенот Горан Пандев, Николче Новески и Стефан Ристовски.

Нови фудбалери во македонската селекција се Дејан Блажевски од Хоризонт Турново, Мите Цикарски од Вардар и Адис Јаховиќ од швајцарскиот Цирих.

Комплетниот список на Јаневски за мечот против Словенија :

Голмани : Мартин Богатинов, Томе Пачовски.

Одбрана : Бобан Грнчаров, Александар Тодоровски, Даниел Георгиевски, Мите Цикарски, Ванче Шиков,  Бојан Марковски, Александар Лазевски.

Среден ред : Дејан Блажевски, Мухамед Демири, Остоја Стјепановиќ, Ферхан Хасани, Дарко Тасевски.

Напад :
Александар Трајковски, Иван Тричковски, Агим Ибраими, Драган Ѓеоргиев, Мирко Ивановски, Адис Јаховиќ.

Мх.П.