Селекторот на репрезентација до 21 година, Благоја Милевски најави драстични промени после поразот од Австрија (4-0) на Националната арена „Филип Втори“ од селекцијата на Австрија. Со третиот пораз во четвртиот натпревар „црвено жолтите“ не само што ги загубија шансите туку и се заковаа на дното од табелата во седмата квалификациона група.

– Нема многу што да се каже после пораз 4-0 на домашен терен. Очигледно е дека имаме големи проблеми во селекцијата. Одговорноста за резултатите е моја, затоа јас можам да најавам дека ќе има драстични промени во селекцијата за следните мечеви кои не очекуваат во март. Ќе се вратиме 3-4 години назад, кога на сред циклус вртевме нова страница и правевме екипа за следниот. Видливо е дека поголем дел од овие фудбалери не можат да се носат со притисокот кој го остави минатата генерација која го имаше најголемиот успех. – изјави Милевски.

Да не биде се` така сиво денеска во македонскиот фудбал се погрижи селекцијата до 17 години која го освои првото место на претквалификациониот турнир кој се играше во Скопје и се пласираше во главните квалификации за Европското првенство. Токму од оваа селекција Милевски ќе прозива и ќе „фрли во оган“ во мечевите кои доаѓаат.

У21: Дебакл на младинците во Скопје (видео)

OhridNews