Селекторот на Македонската машка сениорска репрезентација, Ивица Обрван, го закажа точниот термин за почеток на подготовките за ЕП 2016 во Полска.
На првиот собир, селекторот повика 23 ракометари. Првиот собирот е закажан за 22 декември 2015 година од 13:00 часот во хотелот „Русија“ во Скопје.
Од проширениот список отпаднаа Дарко Димитриевски, Стефан Дрогиршки, Никола Стојчески, Горан Кузманоски и Бојан Маџовски.
Капитенот Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и Аце Јоновски поради професионални обврски ќе се приклучат на репрезентацијата на 28 декември, а во меѓувреме, во првата фаза од подготовките ќе се работи со 19 ракометари.
Скратениот список :
Ohridnews