Струмица е градот каде што селекцијата на Македонија до 19 години ќе ги спроведе петдневните подготовки и ќе ги одигра двата пријателски натпревара со соодветната селекција на Романија на 22 и 24 овој месец.


 

– Струмица ќе биде наш домаќин во периодот 21-25 март, кога ќе спроведеме петдневни подготовки во овој град и каде што ќе одиграме два контролни натпревари против соодветната селекција на Романија, која е домаќин на Евро 2011 за млади фудбалери. По традиција овој град е секогаш отворен за нашите репрезентативни селекции и овој пат очекуваме да го оправда тој епитет. За оваа пригода повикавме 20 фудбалери, а тоа ќе биде воедно и екипата што ќе го преземе главниот товар на квалификацискиот турнир во Турција, во јуни – потсети селекторот Драган Бочевски и најави нов циклус подготовки и пријателски натпревари во април.


За двомечот со Романија селекторот на У-19 Драган Бочевски ги повика следните фудбалери: Андреја Ефремов (Металург), Столе Димитровски (Работнички) – голмани,

Одбрана : Влатко Дробаров (Скопје), Бојан Ѓорѓиевски (Вардар), Иван Иванов (Вардар), Дино Најдоски (Белинцона)

Среден ред: Езџијан Алијоски (Јанг Бојс), Филип Најдоски (Напредок), Стефан Ашкоски (Партизан), Дарко Мицески (Работнички), Мартин Блажески (Металург), Стефан Ристоски (Парма), Драган Наумовски (Војводина),

Напад:  Елвир Нуриши (Нова Горица). Филип Тимов (Копер), Фахрудин Ѓурѓевиќ (Вардар), Марко Симоноски (Металург), Јакуп Јакубов (Винтертур)

Ohridnews