Јапонскиот произведувач на видео игри „Конами“ го објави првиот трејлер за најновата игра „ПЕС 2016“ со која ќе биде одбележан 20-годишниот јубилеј.

На омотот од новата игра се наоѓа капитенот на Рома, Франческо Тоти, кој после постигнувањето на погодокот со Лацио се сликаше селфи со навивачите од неговиот клуб.


Покрај капитенот на „волчицата“ на омотот се наоѓаат бразилецот Нејмар и фудбалерот на Јувентус, Џорџо Киелини.


Една од најпопуларните игри во светот се очекува да излезе кон крајот на август пред почетокот на новата фудбалска сезона.

Мх.П.