Актерката Селма Хајек ја открила тајната како го одржува одличниот изглед, пред се на лицето и покрај нејзините години, и признала дека свежината на лицето ја одржува така што не се мие наутро. Медиумите пренеле дека е вистина дека таа изгледа младо во однос на своите години, но досега не било познато дека тоа е поради недостатокот на хигиена.

Актерката посоветувала дека најдобро е лицето добро да го исчистите пред спиење. Рекла дека не мора да го миете, но мора добро да го исчистите, за што има сосема добри препарати. Додала дека наутро не се мие, поради тоа што навечер кожата на лицето се обновувала и се регенерирале маснотиите кои се потребни за кожата на лицето да остане млада. Таа додала дека наместо миење, кожата наутро ја освежува со соодветно млеко за лице.