После поразот од Севиља во Ла Лига и прекинувањето на серијата без пораз, Реал Мадрид забележа нов неуспех, откако изгуби во Купот на Шпанија пред своите гледачи од Селта (2-1).
Зинедин Зидан се коцкаше со составот, односно истрча со комбиниран, а не со најјакиот кој го има на располагање. Тоа скапо го чинеше тимот на Реал Мадрид кој ќе има задача плус на реванш натпреварот.
Трите голови на Сантијаго Бернабеу паднаа само за шест минути, односно од од 64-та до 70-та миунта. Гостите водеа два пати, а второто водство го задржаа до крајот за победа.
Покрај мечот во Мадрид се одигра и дуелот Алкоркон – Алавес кој заврши во корист на гостите 2-0.
OhridNews