Селта Виго и Атлетико Мадрид зачекорија кон 1/4 финалето во кралскиот куп победувајќи како гости во првите мечеви против Валенсија (4-1) односно Лас Памас (2-0).


Слабата форма на „лилјаците“ максимално ја искористи Селта која во првите 20 минути постигна три погодоци. Подоцна погодија уште еднаш, а домаќините реализираа само почесен погодок.


„Јорганџиите“ со по еден гол во двете полувремиња обезбедија триумфот кој треба да му донесе мирен реванш на Винсенте Калдерон.


Резултати: Осасуна – Еибар 0-3, Валенсија – Селта Виго 1-4, Депортиво ла Коруња – Алавес 1-2, Лас Палмас – Атлетико Мадрид 0-2.

OhridNews