Фудбалерите на Селта освоија бод на гостувањето на Ноу Камп, откако ремизираа (2-2) со лидерот на табелата во Ла Лига, Барселона.
Каталонците втор меч во серија не победуваат во националниот шампионат. Претходно со бод мораа да се задоволат на гостувањето во Валенсија.
Двете екипи имаа по едно водство. Гостите поведоа 1-0, а домаќините со 2-1. После второто реми, домаќините притиснаа, но гостинскиот состав оддолеа и освои голем бод.
На ова реми најмногу ќе му се израдуваат Валенсија, Атлетико и Реал Мадрид кои со триумф ќе ја намалат предноста на каталонците на врвот од табелата.
OhridNews