Екипата на Селтик ја одбрани титулата во Шкотската премиер лига. “Детелините“ со победата над Инвернес 4-1 во 34-та рунда остварија бодовна разлика која е недостижна до финишот на сезоната.

Во лигата евидентно е недостасувањето на “вечниот“ ривал од Селтик, Глазгов Ренџерс, кој минатата сезона се соочи со банкрот и мораше да се пресели во четвриот ранг.

Селтик на 26 мај против Хибернијан во финалето од ФА Купот ќе атакува на двојна круна.

Мх.П.