Титулата во шкотската Премиер лига на важи за навивачите на Селтик и Глазгов Ренџерс ако нивните екипи не победат во „Олд Фирм“ дербито кое меѓу најсимпатичните во Европа. Подржувачите на „детелините“ имаа огрома причина за радост, откако нивните миленици го декласираа ривалот победувајќи го со 5-1 на гостински терен.
„Зелено белите“ победата ја најавија со головите во 7-та и 18-та минута, а на стартот од вториот дел со нови два голови ги решија сите дилеми. До крајот домаќините постигнаа почесен погодок, а гостите со петтиот погодок ставија печат на триумфот.
Фудбалерите на Селтик неодамна и математички ја обезбедија титулата, но после овој убедлив триумф можат да прослават со своите навивачи.
OhridNews