Англиската фудбалската федерација по брза постапка го разреши Сем Алардајс од позицијата селектор. Пополураниот „Биг Сем“ селекторската позиција си ја загрози, откако наседна на снимен разговор од новинар кој се преставил како бизнисмен.


Во видео разговорот Алардајс ги напаѓа неговиот претходник Рој Хоџсон, помошникот Гери Невил, англиската федерација и кажува за поседување на играчи од трета страна, што е строго забрането во Премиер лигата.

Алардајс, Англија ја предводеше само во еден натпревар, откако ја презеде функцијата селектор и успеа да победи на гостувањето во Словачка со 2-1.

За наследник на „Биг Сем“ назначен е Герет Саутгејт кој ја предводи младата селекцијата на Англија.

Англискиот селектор Сем Алардајс сам си ја загрози својата иднина (видео)

OhridNews