Капитенот на Манчестер Сити, Давид Силва и неговата фамилија поминуваат низ драматичен период во кој заедно со докторите се борат за животот на прерано родениот син Матео.

Шпанскиот репрезентативец отсуствуваше неколку натпревари од екипата, а фудбалерот сам откри за што станувало збор.

– Сакам да им се заблагодарам на соиграчите, менаџерот и сите чинители во клубот за разбирањето и поддршката во овие тешки моменти за мене и мојата фамилија. Исто сакам да им се заблагодарам на навивачите кои секојдневно ми праќаат пораки во знак за поддршка. Докторите и ние како фамилија се бориме за животот на Матео кој прерано дојде на свет. – стои во соопштението од Шпанецот.

Давид Силва се врати во тимот за дуелот со Ватфорд и ги водеше соиграчите до победа (3-1) на стартот од Новата година.

OhridNews