Бројот на извршени кривични дела семејно насилство во Македонија во 2011 година бележи значителен пораст, покажува статистиката. Според официјалните податоци на МВР минатата година во Охрид се регистрирани 43 случаи на семејно насилство, или пет повеќе од 2010 година кога биле евидентирани 37 вакви кривични дела. По бројот на регистрирани случаи Охрид е на четврто место во земјата зад Скопје 120, Битола – 115 и Струмица  која бележи најголем пораст на семејно насилство – 95 (58 во 2010).

Најмногу во пораст секривичните дела „телесна повреда“ 418 во 2011 во споредба со 310 од претходната година, а зголемување има и кај делата „загрозување на сигурноста“132 (124).

Во најголем дел жртви на семејно насилство се жени и деца, а во дури 92 отсто од случаите извршители се мажи.

OhridNews