Семејството Џексон е спремно за ново реално шоу, со кое некогаш популарната група Jackson 5 правиd терен за најавениот музички повраток.Цел свет со огромен интерес го пратеше судскиот процес во кој Мајкл Џексон беше обвинет за педофилија, па продуцените на британскиот Канал 4 велат дека такво реално шоу би било вистински погодок.
Документарецот ќе ги набљудува Џексонови во обидот да се вклопат во локалната заедница во југозападна Анлија, а семејството во Мај ќе се пресели во петтособна куќа во местото Апелдор. Тито, кој беше судија во емисијатa “Just The Two Of Us” ќе биде привремено населен во куќата, додека Мајкл, Џенет, Џермин и родителите Џозеф и Кетрин ќе доаѓаат во посети.
Претходниот месец Тито беше во потрага по соодветна куќа во англиската покраина North Devon.“Моето семејство го сака ова подрачје, природата е прекрасна и луѓето се пријателски расположени. Навистина размислувам околу купување на куќа овде. На Мајкл исто така му се допаѓа тука, затоа што никој не го малтретира.“-изјави Тито.